Изложбата „Сите наши солзи“ се реализираше како дел од проектот „Зајакнување на инклузивниот глас на жртвите, трансформирање на наративи“. Проектот, поддржан од Европската Унија, се спроведува во Србија, Северна Македонија и Косово од страна на конзорциум од организации составен од:
Граѓански иницијативи (Građanske Inicijative): Граѓански иницијативи е граѓанска организација која 25 години работи на едукација на граѓаните во врска со нивните права, демократија, граѓанско општество и како тие да бидат активни и рамноправни во одлуките кои влијаат на нивниот живот. Визијата на Граѓански иницијативи е праведно општество на граѓаните кои се свесни за своите одговорности и улоги, кои се општествено активни и гласни преку еден постојан дијалог со отворена и отчетна држава.
https://www.gradjanske.org
Меѓународен центар за транзициска правда (МЦТП): МЦТП работи заедно со жртвите за да добие признание и обесштетување за масовните кршења на човековите права, да ги изведе пред лицето на правдата оние што се одговорни. Работи на реформирање и градење демократски институции и спречување да се повторува насилството или репресијата.https://www.ictj.org
НВО Интегра: Мисијата на Интегра е да помогне во развојот на Косово, особено во контекст на човекови права и интеграција, преку работа со маргинализирани заедници и промовирање на нивни приказни и искуства, со што ќе придонесе кон демократските процеси и кон градењето доверба и мирен соживот.https://www.ngo-integra.org
Нова општествена иницијатива НОИ (Nova društvena inicijativa): НОИ е граѓанска организација која ги поттикнува немнозинските заедници да учествуваат во општествениот и институционален живот на Косово, и ја зголемува довербата меѓу заедниците така што ги поддржува во соочување со минатото за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. https://www.newssocialinitiative.org
Мировна акција: Мировна акција е непрофитна организација на активисти и активистки кои работат на градење мир и промовирање, култура на ненасилство, преку иницирање и негување на конструктивен дијалог, соочување со минатото, интегрирано образование и регионална соработка. https://mirovnaakcija.org
PAX: PAX е најголемата мировна организација во Холандија. Работи во насока на заштита на цивилите од воени дејствија, ставање крај на вооруженото насилство и градење на инклузивен мир. Работи во области ширум светот во кои се случуваат конфликти, во соработка со локални партнери и со луѓе кои, исто како и нив, веруваат дека секој има право на достоинствен живот во мирно општество. https://www.paxforpeace.nl