Документарниот филм „Заборавените жртви“, е продуциран како дел од проектот SIVV, и раскажува приказни на четири семејства кои изгубиле некого или биле самите директни жртви за време на војните во периодот од 1990-2001 во Србија, Косово и Северна Македонија.

Филмот е во продукција на БИРН и ја прикажува неможноста на системот на овие земји да ги адресира потребите на цивилните жртви повеќе од две декади откако војните завршија.