Еден од клучните резултати на проектот „Зајакнување на гласот на жртвите преку инклузија и трансформација на наративите во Западен Балкан“ беше креирање заеднички групи на принципи засновани на локалните начела за транзициска правда (ТП), кои се важни за групите жртви во Северна Македонија, Србија и Косово, како и на регионално ниво. 

Главната цел беше воспоставување национални и регионални принципи на ТП кои се практични и насочени кон жртвите од Западен Балкан, но се и релевантни за нивниот секојдневен живот. Специфичните цели на принципите се детално наведени во преамбулата.

Се донесе одлука крајниот производ да биде краток, концизен и јасен, а сепак да ги содржи суштинските вредности и принципи на жртвата. Неговата основна цел е да го води однесувањето, дискурсот и комуникацијата поврзани со прашањата што се однесуваат на жртвите.  

Членовите на конзорциумот на SIVV од Северна Македонија, Србија и Косово работеа со групи на жртви за да развијат национални принципи применливи на нивните потреби и на соодветниот контекст. Едно од клучните прашања поставено на национално ниво беше: која промена и процес сакате да видите во иднина?

Меѓународниот центар за транзициска правда (МЦТП) даде мислење за првичните нацрти и обезбеди компаративни искуства за разгледување од страна на конзорциумот. Следеа дополнителни консултации на ниво на земја и беа подготвени ревидирани принципи. 

Потоа, МЦТП подготви нацрт-преамбула и ги консолидираше трите групи на национални принципи во нацрт-сет на регионални принципи. Утврдени се колективни разговори, теми и заеднички карактеристики. Се внимаваше да се доловат сите предложени принципи од национално ниво, без нивно повторување. 

Принципите се разгледуваа и се дискутираа на Вториот регионален состанок на SIVV во Призрен од 20 до 21 мај 2023 година. Постигнат е општ консензус и се направени одредени измени на нацрт-принципите. Принципите беа прифатени од присутните и усвоени од конзорциумот. Индивидуалните групи на жртви можат формално да ги усвојат откако нивните раководни структури или одбори ќе ги одобрат. 

Сега принципите може да се користат од групите на жртви од Западен Балкан при донесување одлуки. Исто така можат да станат и платформа околу која жртвите можат да се обединат и мобилизираат за да ги постигнат своите барања. Предизвикот е како принципите значајно да почнат да делуваат и да функционираат и на национално и на регионално ниво.